ФудбалФудбал - ВТОРА ЛИГА

ВИДЕО: Прилепска Победа го декласираше Братство на контролка на Могилата

Попладнево на стадионот на Могилата во вториот пријателски натпревар во подготвителниот период фудбалерите на Победа го декласираа новиот второлигаш Братство од Житоше со резултат 7-0, полувреме 5-0. Гостите се покажаа како недораснат противник за „црвено-белите“ во меч во кој, особено во првите 45 минути, преевидентна беше разликата во квалитетот меѓу двата тима.

Тренерот Крстески на овој меч им даде шанса на сите расположиви фудбалери кои се во тренажен процес, а поради повреди не настапија: Дигаловски, Дунимаглоски, Бошески, Јосифоски и Јакопетрески.

Стрелци на головите за Победа:
1-0 (17 мин) Давид Јошески(од слободен удар);
2-0 (19 мин) Даниел Карчески;
3-0 (21 мин) Даниел Карчески;
4-0 (37 мин) Кисески-Илијоски;
5-0 (45 мин) Бојан Спиркоски;
6-0 (51 мин) Дарко Ангелески (од пенал);
7-0 (56 мин) Кисески-Илијоски.

Победа прво полувреме: Столевски, Петкоски, Стомнароски, Кукески, Кисески, Карчески (капитен), Ангелески, Момироски, Јошески, Најдов и Б. Спиркоски.

Во вториот дел уште играа: Котевски, Неделков, Алимоски, Поп-Антоски, Митрески, С. Спиркоски, Дебрешлиоски и Ф. Спиркоски.

Наредниот трет пријателски натпревар Победа ќе го одигра на 22 јули против Беса во Гостивар.

Поврзани Наслови

Back to top button
error: Текстот е заштитен !!