ФудбалФудбал - ВТОРА ЛИГА
ВИДЕО: Прилеп слави, Победа е нов прволигаш!

Екипата на Победа денес триумфираше над Пехчево (2:0) и математички го обезбеди првото место на едно коло пред крајот на сезоната со што некогашниот шампион и Куп-победник од следната есен ќе игра во Првата македонска фудбалска лига.

Победа направи кам-бек по половина деценија во фудбалската елита на Македонија, а во последното коло ќе игра дерби во Виница против Слога 1934.

Без разлика на овој резултат, Победа ќе биде прва и во случај Беласица да триумфира над Кожуф во Гегелија бидејќи прилепчани се подобри во меѓусебниот скор.

Денес на „Гоце Делчев“ имаше околу 4.000 гледачи што е потврда дека Прилеп е најфудбалска град во Македонија и живее за фудбалот.
- ВИДЕО ОД ПРОСЛАВАТА НА ГРАДСКИОТ СТАДИОН „ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ“ ВО ПРИЛЕП: