РакометРакомет - Суперлига

ВИДЕО: Прилеп освои три важни бодови, Тиквеш со победа над Работнички обезбеди опстанок!

Денес се одигра претпоследното коло од плеј-аутот на Супер лигата. Прилеп и Тиквеш запишаа многу важни победи, Јуниор Кисела Вода очекувано славеше над Астраион во Струмица. Радовиш славеше над КЛ7 во Скопје.

Младост 33:37 Прилеп

Ракометарите на Прилеп ја забележаа најважната победа, откако вечерва во Богданци со 33:37 славеа над Младост во претпоследното коло од плеј-аутот на Супер лигата. Прилеп останува во трка за опстанок во македонската ракометна елита.

Целиот натпревар Младост – Прилеп:

Најдобар кај Младост беше Никола Димитров со девет погодоци, а по пет имаа Роглев и Стоилов. Кај Прилеп најдобар беше Хазеин Рустамов кој постигна десет погодоци, а Чантурија постигна осум.

Тиквеш 25:18 Работнички

Тиквеш со победа над Работнички од 25:18 обезбеди опстанок во ракометната Супер лига и за следната сезона. Сосема очекува и со одлична игра на теренот ракометарите на Тиквеш ги освоија трите бодови.

Целиот натпревар Тиквеш – Работнички:

Симиќ со седум голови беше најдобар во редовите на Тиквеш, а Смиљаниќ постигна четири. Во редовите на Работнички очекувано Тоше Ончев со 8 гола беше најдобар.

Астраион 16:25 Јуниор КВ

Ракометарите на Јуниор Кисела Вода сосема очекувано славеа над „фенерџијата“ Астраион во Струмица со 16:25. Двете екипи од следната сезона се враќат во Првата ракометна лига. Астраион во плеј-аутот е единствен без освоени бодови, додека екипата од Кисела Вода со 16 бодови во моментот е на шестата позиција.

Целиот натпревар Астраион – Јуниор КВ:

Кај Астраион најдобри со по три гола беа Ефтимов и Стојанов, додека кај Јуниор КВ најдобар беше Трајковски со шест постигнати погодоци, додека Гичев и Пешкирски постигнаа по четири.

Табела во плеј-аутот од Супер лигата:

  1. Тиквеш – 28 бодови
  2. Прилеп – 27 бодови
  3. Радовиш – 25 бодови
  4. Г.А. КЛ7 – 24 бодови
  5. Работнички – 21 бодови
  6. Јуниор КВ – 16 бодови
  7. Младост – 13 бодови
  8. Астраион – 0 бодови

Поврзани Наслови

Back to top button
error: Текстот е заштитен !!