ФудбалФудбал - ВТОРА ЛИГА
(ВИДЕО) Прес конференција на ГФК Тиквеш: Екипата спремна и максимално подготвена, клубот се враќа на Градски стадион во Кавадарци!

Второлигашот Тиквеш од Кавадарци денес одржа прес конференција пред почетокот на пролетната полусезона од Втората лига – Исток.
Тиквеш е максимално подготвен за пролетните предизвици, клубот се враќа на Градскиот стадион во Кавадарци, откако ФФМ изврши инспекциски надзор на новиот терен и даде зелено светло за одигрување на натпреварите, што значи дека Тиквеш во сабота го чека Росоман на домашниот терен.
Екипата на кавадаречкиот второлигаш денес ќе биде тестирана на Ковид-19, а следните денови ќе бидат објавени резултатите од тестирањата.
На прес конференцијата зборуваа шефот на стручниот штаб Пане Блажевски, капитенот Ѓорѓи Мојсов и спортскиот директор Ефтим Илиев.