Европски ФудбалФудбал

ВИДЕО: Прекрасен лоб удар со гол и асистенција за нашиот Лука Георгиев

Младиот талентиран македонски фудбалер Лука Георгиев кој настапува во Германија за екипата на ТСВ Хавелсе, нижи одлични успеси.

>>> СО КОТВА.МК ДО ПОВЕЌЕ ТУРИСТИ ВО ВАШИТЕ АПАРТМАНИ / ВАШИОТ РЕСТОРАН <<<

Фудбалерот роден 2004 година е дел од онлајн програмата на искусниот Илија Сасански за развој на моторички способности скоро две години, а Лука од ова е награден и заштитен од повреди што е исклучително клучно во развојот на кариерата на еден млад талентиран фудбалер. Поради големите квалитетите Лука е префрлен во У-21 тимот.

Инаку, Лука е син на поранешниот македонски фудбалер Горан Георгиев, а во својата кариера успешно ги бранеше боите на Осогово, Победа, Шкендија, Работнички, Силекс, а има и четири настапи за македонската фудбалска репрезентација.

„Татко на Лука Гергиев е поранешниот играч и репрезентативец Горан Георгиев кој сега е тренер на женска фудбалска екипа во Хановер, а мене ми го додели моторичкиот дел за подготовка на Лука и е веќе во мојата програма година и пол и резултатите се одлични. Посебно радува фактот што германчињата се повредуваат на припреми, а Лука е заштитен од повреди со мојата метода“, ни изјави Сасански кој во моментот е тренер на второлигашот Детонит од Радовиш.

Таткото на Лука му има дадено одврзани раце на Сасански во однос на моторичкиот дел за подготовка на Лука и тоа се рефлектира со одлични резултати кај овој млад талентиран фудбалер.

„Лука се уште го има најдобриот резултат на VO2 max 73.5 ml/kg/min од сите фудбалери досега што сум ги тестирал“, додава Сасански.

Откако Сасански го презеде кормилото на второлигашот од Радовиш, екипата бележи одлични резултати пред се и во подготвеноста на фудбалерите, а целта на радовишани во пролетниот дел ќе биде директен опстанок во второлигашкото друштво за следната сезона.

>>> СПОРТСКА МРЕЖА Е ЕДИНСТВЕНИОТ СПОРТСКИ ПОРТАЛ ВО МАКЕДОНИЈА КОЈ ЈА РАБОТИ ТРЕТАТА МАКЕДОНСКА ФУДБАЛСКА ЛИГА – ГЛАСАJTE ЗА СПОРТСКА МРЕЖА ЗА НАЈДОБАР СПОРТСКИ САЈТ НА ГОДИНАТА <<<

Поврзани Наслови

Back to top button
error: Текстот е заштитен !!