Европски ФудбалФудбал

ВИДЕО: Пред 20 години Ривалдо постигна еден од најпознатите хет-трикови во историјата на Ла Лига

На денешен ден пред 20 години, легендарниот бразилски фудбалер Ривалдо постигна еден од најпознатите хет-трикови во историјата на шпанската Ла Лига. Барселона во последното коло играше против Валенсија и двата тима се бореа за место во квалификациите за Лигата на шампионите.

На крајот, Каталонците победија со 3:2 во феноменален и неверојатно возбудлив натпревар одигран пред 85.000 гледачи на „Камп Ноу“, а апсолутен херој беше Ривалдо кој постигна три гола.

Неговиот прв погодок, во третата минута, беше прекрасен слободен удар од 30 метри за 1:0, а потоа погоди повторно за 2:1 од слична позиција во финишот на полувремето.

Рубен Бараха изедначи на 2:2 со вториот гол на почетокот на второто полувреме и резултатот беше тој што ја водеше Валенсија до квалификациите за Лигата на шампионите. И тогаш, Ривалдо изведе магија што се памети и по 20 години.

Во 88-та минута, Бразилецот ја прими топката на градите испратена од Франк Де Бур и со брзо движење го направи можеби најпознатиот шут со ножички надвор од казнениот простор, кој спектакуларно го матираше Сантијаго Канизарес за делириум на „Камп Ноу“.

Reklama

Поврзани Наслови

Back to top button
error: Текстот е заштитен !!