Европски ФудбалФудбал

ВИДЕО: Потегот на Меси ја расплака Аргентина: Фудбалерот на Барселона уште еднаш се прости од Марадона на посебен и емотивен начин!

Аргентина одигра 1:1 против Чиле во дербито од 7. коло на јужноамериканските квалификации за Светското првенство. Иако „гаучосите“ не го совладаа својот противник на тој натпревар, денес сите зборуваат за потегот на Меси, со кој ја расплака Аргентина.

Овој пат, фудбалерот на Барселона се прости од Марадона на посебен и емотивен начин, а тоа го стори со тоа што излезе во специјален дрес за мечот против Чиле, бидејќи покрај грбот на дресот имаше и фотографија од Марадона.

Покрај фотографијата од Марадона на дресот на Аргентина, беше напишана и годината на неговото раѓање, но и симбол дека Марадона ќе живее засекогаш.

Поврзани Наслови

Back to top button
error: Текстот е заштитен !!