ФудбалФудбал - ПРВА ЛИГА
ВИДЕО: Последни подготовки на Струга пред дуелот со Ренова

Утре се игра последниот дуел од Првата македонска фудбалска лига меѓу Струга Трим Лум и Ренова со што ќе биде затворена есенската полусезона.
Овој натпревар требаше да се одигра во неделата, но беше одложен бидејќи поради обилните снежни врнежи, и немаше услови за игра покрај езерото.
Трите бодови се многу важни особено за „гипсарите“ кои претендираат за место во Европа.