ФудбалФудбал - ТРЕТА ЛИГА
ВИДЕО: Погодокот на Османи Егзон со кој Беса Влазрими го доби дербито со Студена Вода
Викендот стартуваше пролетната полусезона од Третата лига – Север со натпреварите од 10. коло.
Дербито се играше меѓу лидерот Беса Влазрими и Студена Вода кое заврши со минимална победа од 1:0 за домаќините, а стрелец на единствениот гол беше Османи Егзон кој стрелаше на десетина минути пред крајот на натпреварот.
Беса Влазрими останува лидер на табелата во Третата лига – Север, додека сега второпласирана екипа е Фортуна со 24 бодови. Студена Вода е на делба на третата позиција со Њу Старт со по 22 бодови.