
Пол Погба со идентичен потег како Кристијано Роналдо, на прес-конференцијата го тргна шишето „Хајнекен“ по дуелот со Германија во Минхен.
Претходно, Португалецот ги тргна шишињата „Кока Кола“ кои стоеја пред него кој порача дека подобро да се пие вода.
Според поголемиот дел од медиумите, Погба го направи овој потег поради тоа што е муслиман. Американската компанија „Кока Кола“ претрпе огромна загуба поради потегот на Роналдо.