ФудбалФудбал - ВТОРА ЛИГА

ВИДЕО: Победа со триумф над Детонит ги стартуваше контролните натпревари

На теренот на Могилата фудбалерите на Победа во првиот контролен натпревар во подготвителниот период ја совладаа екипата на новиот второлигаш Детонит со 3:1, (1:1).

Шефот на Стручниот штаб на Победа, Дарко Крстески во двете полувремиња изведе различни состави, а главно шанса добија сите играчи кои се во тренажен процес освен неколку ренонвалесценти и подоцна приклучени на подготовките.

Стрелци на головите за Победа: Јосифоски (33. минута), Јошески (од слободен удар 48. минута) и авто-гол на Коцевски (во 65. минута).

Голот на Давид Јошески од слободен удар за 2:1 во 48. минута

Натпреварот го судеа: Ирена Велевачкоска (главен судија), Зоран Костоски и Весна Тофилоска (помошни судии).

Наредниот втор контролен натпревар Победа ќе го игра наредната сабота на 17-ти јули на теренот на Могилата со новиот второлигаш Братство од Житоше.

Поврзани Наслови

Back to top button
error: Текстот е заштитен !!