ФудбалФудбал - ПРВА ЛИГА
ВИДЕО: Победа и навивачите добиваат мурал долг 80 метри

Прилепскиот прволигаш Победа и навивачите добиваат уникатен мурал од 80 метри. Иницијативата и средствата за изработка се на навивачи кои живеат и работат во Европа, САД и Австралија, а себеси се нарекуваат „Манки Странки“.
Муралот, кој ќе биде завршен за една недела, го изработуваат прилепските уметници Филип Перески, Марјан Стојаноски и Методија Исков.
Победа на стартот од сезоната има само еден бод и се наоѓа на последното место од табелата. Во следното коло Победа на домашен терен ќе се соочи со Брегалница.