ФудбалФудбал - ВТОРА ЛИГА

(ВИДЕО) Победа бесна: Нашата екипа беше оштетена во Радовиш – непризнат гол и недосудени два пенали!

Прилепска Победа на гостувањето во Радовиш кај Детонит одигра само 0:0 во рамки на 17. коло од Втората лига – Исток. Прилепчани остануваат и понатаму на врвот од табелата, откако и Слога 1934 Виница ремизираше во Гевгелија кај Кожуф, но ваквиот кикс на двете екипи најдобро го искористи Беласица која сега се приближи на два бода на водечките екипи – Победа и Слога 1934.

По завршувањето на натпреварот, Победа со три видеа од спорни моменти реагираше дека е оштетена во Радовиш, од главниот судија Александар Василевски – непризнат гол и два недосудени пенали.

„Спорните моменти во кои Победа денес беше оштетена од главниот судија Александар Василевски на мечот во Радовиш:

2 минута непризнат гол за 0-1 на Бојан Спиркоски
44 минута недосуден пенал за Победа по фаулот врз Мазари
32 минута недосуден пенал по ударот со лакт во лице врз Бојан Спиркоски“,
се вели во реакцијата на ФК Победа.

  • ПОГЛЕДНЕТЕ ГИ СПОРНИТЕ МОМЕНТИ ЗА КОИ ПОБЕДА РЕАГИРА:

Поврзани Наслови

Back to top button
error: Текстот е заштитен !!