ВИДЕО: Плачковица реагира на катастрофалното судење на натпреварот во Виница

Второлигашот Плачковица од Радовиш во саботата гостуваше на Градскиот стадион во Виница каде одигра 1:1 со Слога, во рамки на 23. коло од Втората лига – Исток.
Плачковица преку официјално соопштение реагираше на судиските одлуки од овој натпревар.
Целосното соопштение на ФК Плачковица:
„До кога фудбалот во Македонија ќе се игра за судиите и луѓето од ФФМ. На саботниот натпревар во Виница Плачковица реагира на лошото судење на главниот судија Бафто Фатмир од Охрид кој недозволи Плачковица да си замине со трите бода од Виница. Судењето на целиот натпревар беше катастрофално, но чашата се прели во 84 минута кога не беше досуден чист пенал за нашата екипа, за да на крај од оваа ситуација главниот судија досуди непостоечки корнер за Плачковица како компензација за намерната грешка што ја прави Бафто Фатмир. Господо од ФФМ, ФК ПЛАЧКОВИЦА не бара нешто што не им припаѓа, го бараме тоа што сме го заслужле не бараме преку леб погача бараме фер судење. Против ова се бори ФК ПЛАЧКОВИЦА ЗА ПРОМЕНИ ВО ФУДБАЛОТ, и да знаете не застануваме нема ништо да не поколеба во таа борба ниту вашите закани, казни заткулисни игри, туку напротив не мотивирате уште повеќе. Се додека клубовите не го кренат гласот фудбалот во Македонија ќе биде на ова дереџе. Која клуб е следен на менито на ФФМ“, се вели во соопштението на ФК Плачковица.
Видеото од спорниот момент за кој реагира ФК Плачковица: