(ВИДЕО) „Петровден“: Вечерва стрелците ги „искинаа“ мрежите, „мечињата“ приредија спектакл и ги „запалија“ трибините!

Вечерва беа одиграни супер возбудливи натпревари на турнирот во мал фудбал „Петровден“ во Мешеишта. Возбудата беше уште поголема, бидејќи трибините „крцаа“, а публиката приреди вистински спектакл.
Голеада на сите натпревари. Вечерва беше отворена во 19:30 часот со убедливата победа на Магна Мирорс од 7:1 над Модул 3003.
Еден час подоцна Др. Баткоски со 2:6 го распадна Ресторан Бриони, а пак во третиот меч Бистро Корнер доживеа вистински потоп, откако загуби со убедливи 0:8 од Ланч Бар Пиколо.
Викендица во Горно Коњско со романтичен поглед кон Охридското Езеро
Последниот меч од 22:30 донесе најмногу возбуда кај публиката, а неизвесноста беше највисоко ниво. Враништа БЗ и Гостилница кај Мече одиграа 1:1 во регуларниот дел, а победникот беше решен преку пенал-рулетот, каде Враништа БЗ беше поуспешна со 4:3 и со тоа застана на врвот од табелата во група H.
- Распоред на натпревар за вторник 05. јули:
19:30 Др. Баткоски – Буба Мара (мајсторка за врвот од табелата во група G)
20:30 Камионски Делови Бос – Магна Мирорс
21:30 Дебрца Експрес – СРЦ Бела Каса
22:30 Пекара Лихнида – Кафе бар 9
ПРОМОЦИЈА НА АПАРТМАНИ, ВИЛИ, РЕСТОРАНИ И КАФУЛИЊА НА КОТВА.мк
- Погледнете ја вечерашната атмосфера на турнирот „Петровден“ во Мешеишта:
Спортска Мрежа како единствен спортски сајт во Македонија, кој известува за Третата македонска фудбалска лига, како и за македонските турнири во мал фудбал е медиумски покровител на турнирот во мал фудбал „Петровден” – Мешеишта!