ФудбалФудбал - ВТОРА ЛИГА

ВИДЕО: Пелистер гневен на судењето: Дали ФФМ пред време го креира изгледот на табелата ?

Екипата на Пелистер денес доживеа убедлив пораз од Гостивар во дербито на колото во Втората македонска фудбалска лига, откако битолчани на домашен терен беа поразени со резултат од 1:3.

На натпреварот судијата Грујоски покажа на белата точка и за едната и за другата екипа. Од Пелистер реагират на судењето на главниот судија Александар Грујоски, велејќи дека се оштетени, при досудениот пенал за Пелистер во 30. минута.

  • Целосното соопштение на Пелистер:

„ФК Пелистер оштро реагира на денешното судење од страна судиската тројка, на чело со главниот судија Александар Грујоски од Kичево. ФК Пелистер сериозно ја прашува Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ) и судиската организација дали пред време го креира изгледот на табелата и ако е така јавно да се изјасни затоа што ФК Пелистер е општински клуб, кој егзистира со пари од граѓаните. ФК Пелистер му ја честита победата на ФК Гостивар, но исто така сакаме да истакнеме дека главниот судија при резултат 1-0 за Пелистер досуди срамен пенал за гостите, со што дириктно влијаеше на понатамошниот тек на натпреварот. Ви го доставуваме и видеото од пеналот кој што го виде само главниот судија“, се вели во соопштението на Пелистер.

Поврзани Наслови

Back to top button
error: Текстот е заштитен !!