ЕУРО РАКОМЕТРакомет
ВИДЕО: Пеколна атмосфера во Битола – Еурофарм Пелистер моќно го надигра Спортинг!

Екипата на Еурофарм Пелистер одигра одличен меч и во пеколна атмосфера во Битола со 31:25 го совлада Спортинг и се проби на второто место на табелата во групата Д во Европската лига на ЕХФ.
Најдобри кај Еурофарм Пелистер беа Стипе Мандалиниќ и Јосип Периќ со по седум постигнати погодоци, додека пак кај гостите Салвадор постигна шест погодоци.
Атмосферата во салата „Боро Чурлевски“ во Битола:
Во следното коло Еурофарм Пелистер ќе гостува кај Ним во Франција во дерби за првото место во групата Д.