ФудбалФудбал - ТРЕТА ЛИГА
(ВИДЕО) Пановски: Со најдобриот состав ќе излеземе против Црнилиште, целта на Локомотива е Втора лига се друго е шпекулации!

Во недела се игра големото дерби меѓу Ново Црнилиште и Локомотива од Градско во рамки на 22. коло од Третата лига – Југ. Два претенденти за влез во Втората лига – Исток. Локомотива е лидер со 47 бодови, додека Црнилиште е втор со четири бодови помалку.
>> НАЈАВА НА 22. КОЛО ОД ТРЕТАТА ЛИГА – ЈУГ <<
Тренерот на Локомотива Градско, Сашко Пановски вели дека неговата екипа на дербито ќе излезе со најдобриот состав против Црнилиште во недела, а исто така одговори и на прашањето на Спортска Мрежа дека нема никакви договори околу тоа која екипа ќе влезе во Втора лига – Исток. Станува збор за шпекулации и додава дека Локомотива има цел да влезе во Втората лига.
Целата изјава на Сашко Пановски: