Европски ФудбалФудбал
ВИДЕО: Пандев го одбра бројот во Парма, истиот го носеше и во Интер!

Најдобриот македонски фудбалер Горан Пандев денес го одбра бројот што ќе го носи на дресот во новиот клуб Парма.
Новиот клуб на струмичанецот денес го откри неговиот број на дресот – тоа е бројот 27, а овој број Пандев го носеше и во Интер со кого ја освои Лигата на шампионите.
Парма се бори да обезбеди место во плеј-оф зоната и со тоа да ја продолжи борбата за враќање во Серија А, останува да видеме дали „27-ката“ ќе му донесе успех на Пандев и остварување на целите на неговиот нов клуб.