ФудбалФудбал - ТРЕТА ЛИГА

ВИДЕО: Овче Поле убедливо го доби Рудар, реми во Карбинци, три бода за Дојранско Езеро

Овче Поле продолжува да нижи убедливи победи во новата сезона од Трета лига – Исток совладувајќи го Рудар на домашниот терен во Свети Николе со убедливи 4:0.

Резултатот беше отворен во 14. минута од натпреварот кога Андреј Панев ја смести топката во противничката мрежа за 1:0. Николче Симонов во 28. минута зголеми на сигурни 2:0.

ФОТО: Спортска Мрежа

Пред крајот на првиот дел главниот судија Петар Михаилов од Кочани покажа на белата точка за домаќинот, а Дарко Нацев успешно реализираше од белата точка за 3:0 на полувреме.

Успешно реализиран пенал за Овче Поле за 3:0

Во финишот на вториот дел Радовановиќ капитулираше по четврти пат, откако Симонов со втор гол ги постави конечите 4:0 и обезбеди трета радост за Овче Поле.

Со два брзи гола на стартот од мечот Карбинци и Малеш го поделија пленот откако одиграа 1:1. Гостите од Берово со голот на Димитар Каракутовски го отворија резултатот за водство од 0:1, но радоста траеше само една минута, откако Дарко Стојчевски израмни на 1:1.

Неизвесноста за трите бодови продолжи во вторите 45 минути, но мрежите мируваа до последниот судиски свиреж и резултатот од 8. минута стана конечен (1:1).

ПРИЈАВИ СЕ НА НАЈГОЛЕМИОТ ГОЛМАНСКИ КАМП НА БАЛКАНОТ – „РБ Охрид 2022“

Дојранско Езеро ја продолжи победничката серија во третолигашкото друштво на Истокот, откако по добиеното дерби во Берово, денес во Дојран падна и Чешиново 2015 со резултат од 2:1.

По мирни мрежи во првиот дел во вториот паднаа три погодоци. Резултатот го отвори домаќинот преку Оливер Маринковиќ во 70. минута за водство на Дојраско Езеро од 1:0. Само седум минути подоцна Стојан Гушев ја дуплираше предноста за домаќинот. Во 89. минута од натпреварот Мики Јакимов погоди за гостите од Чешиново ги постави конечните 2:1 и го ублажи поразот.

Поврзани Наслови

Back to top button
error: Текстот е заштитен !!