Европски ФудбалФудбал

(ВИДЕО) ОФИЦИЈАЛНО: Серхио Рамос е нов играч на ПСЖ

Шпанскиот фудбалер Серхио Рамос стана нов играч на ПСЖ. Како што официјално потврди ПСЖ, Рамос потпиша договор со парижаните до 2023 година.

Одличниот и многу искусен дефанзивец пристигна во ПСЖ откако му истече договорот со Реал Мадрид, каде што беше и капитен.

Рамос во последно време се поврзуваше со разни европски великани, но се шпекулираше дека тој е најблизу до ПСЖ, што се покажа како точно денес. Тој ја даде својата прва изјава како играч на ПСЖ за официјалната веб-страница на клубот.

“Многу сум среќен што дојдов во ПСЖ. Ова е голема промена во мојот живот, нов предизвик и ден кој никогаш нема да го заборавам. Горд сум што сум дел од овој амбициозен проект и се приклучив на тим составен од одлични играчи. Овој клуб веќе се покажа на највисоко ниво со своите цврсти основи. Сакам да продолжам да напредувам во Париз и да му помагам на тимот да освојува титули“, изјави Рамос по потпишувањето на договорот.

Во својата кариера пред да се приклучи на Реал во 2005 година, Рамос играше за Севилја, каде што порасна. Шампионот на Шпанија со Реал беше пет пати, двапати го освојуваше Купот на Кралот, а четири пати и Суперкупот на Шпанија. Со Реал, тој има освоено четири Лиги на шампиони, три УЕФА Суперкупа и Светски клупски куп на ФИФА четири пати.

Со репрезентацијата на Шпанија стана светски шампион во 2010 година, а европски во 2008 и 2012 година.

Поврзани Наслови

Следен Наслов:
Close
Back to top button
error: Текстот е заштитен !!