ФудбалФудбал - ПРВА ЛИГА

(ВИДЕО) ОФИЦИЈАЛНО: Матеј Цветановски си замина од Вардар и го засили Шкупи

Младиот Матеј Цветановски одлучи да си замина од Вардар и својата кариера да ја продолжи во Шкупи. 23-годишниот играч потпиша договор на две години.

Екс фудбалерот на Вардар во својата кариера има настапувано и за Македонија Ѓорче Петров и битолски Пелистер.

„Многу сум среќен што сум дел од клуб кој има богата историја и кај нас и на меѓународна сцена. Според мене, понудата што ми ја даде Шкупи беше најдобра за мојата фудбалска кариера. Се надевам дека ќе ја освоиме титулата, тука сум да му помогнам на тимот.

Сакам да додадам и да им се заблагодарам на сите за прекрасниот прием што ми го приредија, тука познавам голем број играчи и верувам дека за многу скоро ќе се прилагодам на играта“, вели Цветановски.

Шкупи со Цветановски станува уште посилен и во пролетната полусезона ќе води борба со лидерот Шкендија за шампионската титула во Првата македонска фудбалска лига.

Поврзани Наслови

Back to top button
error: Текстот е заштитен !!