(ВИДЕО) ОФИЦИЈАЛНО: Лукаку се врати во Челзи

Челзи и Интер постигнаа договор на почетокот на неделата, денеска беше официјализиран трансферот на Ромелу Лукаку.
Белгиецот се враќа на „Стемфорд Бриџ“, ќе игра за Челзи, кој воедно е и неговиот прв клуб за кој играше во Премиер лигата.
Лукаку пристигна во Лондон од Андерлехт во 2011 година, но никогаш не доби вистинска шанса во Челзи.
Тој беше на позајмица во Вест Бром, потоа Евертон, кој подоцна го купи.
Откако стана најдобриот напаѓач во Премиер лигата во дресот на „карамелите“, тој го засили Манчестер Јунајтед, а последните две сезони ги мина во Интер.
“Среќен сум што се вратив во овој прекрасен клуб, за кој навивав како дете. Дојдов да му помогнам на Челзи да освои трофеи и амбициите на клубот совршено одговараат на моите”, рече Лукаку.
Тоа беа најдобрите две години во неговата кариера, а сега се враќа на почетокот во трансфер вреден 115 милиони евра.