Европски ФудбалФудбал
ВИДЕО: Одбраната на титутлата Сити ја започнува против Тотенхем

Премиер лигата го објави распоредот на натпревари за сезоната 2021/22, која започнува на 14 август.
Бранителот на титулата, Манчестер Сити, ќе има тешка задача во првото коло. „Граѓаните“ ќе бидат гости на тимот на Тотенхем во Лондон. Актуелниот европски шампион Челси ќе биде домаќин на Кристал Палас, додека Манчестер Јунајтед ќе биде домаќин на Лидс.
Ливерпул, кој избори пласман во Лигата на шампионите во последната рунда од минатата сезона, ќе се натпреварува со нововлезениот тим во елитата, тимот на Норич, додека Арсенал ќе биде домаќин на уште еден нов член на Премиер лигата, Брентфорд.
Последното коло на шампионатот ќе се игра на 22 мај 2022 година.