ФудбалФудбал - ПРВА ЛИГА
ВИДЕО: Новиот тренер Хасан Озер го имаше првиот тренинг со Шкупи во Анталија

Шкупи денес го имаше првиот тренинг во Анталија со новиот тренер Хасан Озер, со што започна втората фаза од подготовките за пролетната полусезона во Првата македонска фудбалска лига. Озер се започна со играчите и со нив сподели што очекува за вториот дел од домашното првенство.

Екипата денес имаше еден тренинг, а веќе од утре ќе почне со два тренинга, комбинирани во теретана и на фудбалските терените.

На првиот тренинг во Анталија, присутен беше и првиот човек на Шкупи, Огун Ајдини, кој првично го пречека тимот, им даде комплименти за есенската полусезона, истовремено посакувајќи им квалитетен тренинг и успех во пролетната полусезона.