Европски ФудбалФудбал

ВИДЕО: Ница го откупи Тодибо од Барселона за 8,5 милиони евра

Францускиот дефанзивец Жан-Клер Тодибо официјално стана член на Ница, откако францускиот клуб го откупи неговиот договор од Барселона за 8,5 милиони евра.

Младиот стопер (21) минатата сезона играше на позајмица во клубот од Азурниот брег. Тој остави добар впечаток на 19 натпревари и раководството реши да го откупи.

Покрај споменатите 8,5 милиони евра, Барселона ќе добие процент и од следната продажба.

Тодибо потекнува од Тулуз, од каде се пресели во Барса во јануари 2019 година. Не успеа да се избори за минутажа на „Камп Ноу“, па пред Ница беше на позајмица во Шалке и Бенфика.

Поврзани Наслови

Back to top button
error: Текстот е заштитен !!