Останато

ВИДЕО: Неспортски потег, Иџе излета откако во него директно удри ривал!

Најдобриот македонски автомобилист Игор Стефановски – Иџе имаше фантастичен настап на отварањето на новата сезона во ТЦР италијанскиот шампионат, долго време беше прв, но на крајот заврши на четвртото место, а денес за жал не ја заврши втората трка која се возеше на Монца.

Иџе излета од патеката поради неспортски потег на еден од колегите, кој пред самиот крај на трката удри директно во возилото на Стефановски, по што Македонецот излета од патеката и удри во заштитната ограда.

Излетувањето на Иџе од патеката:

За среќа Иџе е добар и нема повреди, добро се чувствува и биле направени потребни лекарски прегледи, по што тој им се обрати на своите фановите во вклучување во живо на неговата официјална фејсбук страница.

Обраќањето на Иџе кон своите фанови:

Поврзани Наслови

Back to top button
error: Текстот е заштитен !!