ФудбалФудбал - ВТОРА ЛИГА

ВИДЕО: Навивачите на Беса останаа пред стадионот во Кратово, полицијата не им дозволи влез

Денес екипата на Беса гостува во Кратово против непоразениот лидер Силекс, но навивачите на клубот од Добри Дол се соочуваат со проблем откако полицијата не ги пушти на стадионот во Кратово.

НАЈДОБРИОТ ИЗБОР ЗА ПРОЗОРЦИ И ВРАТИ ОД ПВЦ ВО „OPEN STIL“ ВО ГОСТИВАР 070/814-428

Еден автобус со навивачи и неколку автомобили пристигнаа во Кратово меѓутоа на гостинските навивачи не им беше дозволено да влезат на стадионот и да го поддржат својот клуб. Во моментот се игра второто полувреме, а навивачите на Беса се пред стадионот.

На почетокот од второто полувреме, иако навивачите беа пред стадионот, како што дознава Спортска Мрежа навивачите на Беса биле избркани и истите веќе се враќаат кон Гостивар.

Поврзани Наслови

Back to top button
error: Текстот е заштитен !!