ФудбалФудбал - Останато

ВИДЕО: На Емери му лежи ЛЕ, Виљареал на пенали го совлада Јунајтед и стигна до трофејот!

Фудбалерите на Виљареал стигнаа до трофејот во Лигата на Европа, откако беа подобри од Манчестер Јунајтед по пенал рулетот 1:1 (11:10) во големото финале.

Морено прв донесе водство за „жолтата подморница“, а „ѓаволите“ се вратија во игра преку Кавани кој погоди во вториот дел. Сепак, во регуларниот дел резултатот беше израмнет (1:1), а Виљареал беше подобар во пенал рулетот, каде се шутираа дури 11 серии.

Трагичар за Манчестер Јунајтед на крајот беше Давид Де Хеа кој не го совлада Рули.

За шпанскиот прволигаш ова е најголем клупски успех уште по освојувањето на двата трофеи во Интертото Купот.

Поврзани Наслови

Back to top button
error: Текстот е заштитен !!