Европски ФудбалФудбал

ВИДЕО: Морничава сцена: Фудбалерите славеа во отворен автобус, едниот удри со главата во надвозник и падна пред тркалата!

Турскиот третолигаш Кочаелиспор постигна голем успех откако во баражот го совлада Сакариаспорт со 4:0 за влез во Втората лига, проследено со голема прослава на улиците на градот, сепак…

Беше организиран и автобус на отворено, а по тој повод, играчите продефилираа и ги поздравуваа навивачите, но прославата за малку не се претвори во трагедија.

Имено, само чудо спаси еден фудбалер, кој за време на прославата погоди надвозник, а потоа падна од автобусот на патот.

Имал и среќа што не го прегазиле оние кои биле зад автобусот. На крајот, фудбалерот помина само со полесни повреди, а со повреда се здобил и еден од неговите соиграчи, а му била укажана помош на лице место.

Видео од немилиот настан во Турција:

Поврзани Наслови

Back to top button
error: Текстот е заштитен !!