Европски ФудбалФудбал

ВИДЕО: Мората ќе остане во Јувентус и следната сезона

Шпанскиот напаѓач Алваро Мората го продолжи договорот за позајмица со Јувентус, потврди италијанскиот клуб во вторникот.

„Мората официјално го продолжи договорот за позајмица и ќе го носи црно-белот дрес до 30 јуни 2022 година“, се вели во соопштението на Јувентус.

Мората дојде во Јувентус на позајмица од Атлетико Мадрид во септември минатата година, а исто така играше за тимот од Торино за време на Масимилијано Алегри од 2014 до 2016 година.

Минатата сезона тој постигна 20 погодоци во сите натпреварувања, што е негов најдобар учинок во Италија и запиша 11 асистенции.

Поврзани Наслови

Следен Наслов:
Close
Back to top button
error: Текстот е заштитен !!