ЕУРО 2020Фудбал

ВИДЕО: Миранчук ја донесе првата победа на Русија на ЕП против Финска

Русија ја забележа првата победа на Европското првенство, откако денес со минимални 0:1 славеше над Финска.

Финска тргна одлично и во 4. минута од средбата постигна гол, меѓутоа ВАР-собата му сугерира на главниот судија Појанпало дека погодокот е постигнат од офсајт ситуација. Миранчук во судиското надополнување на првиот дел ја стресе противничката мрежа и донесе водство за Русија.

Во вториот дел Финска се обидуваше брзо да се врати во игра, но Русија мудро го сочува минималното водство и прокнижи три бода.

Состојбата во групата Б сега се искомплицира, а каква е ситуацијата во оваа група погледнете ОВДЕ.

Reklama

Поврзани Наслови

Back to top button
error: Текстот е заштитен !!