(ВИДЕО) Милан Ристовски: Верувам дека заедништво и тимски дух ќе ни донесе успех

Македонската А репрезентација ги продолжува подготовките за продолжението на натпреварите од групната фаза во Лига на нации. Нашата најдобра селекција на 9. јуни игра против Грузија на Националната арена „Тодор Проески“, а три дена подоцна го пречекуваме составот на Гибралтар.
Нашиот репрезентативец, Милан Ристовски вели дека заедништвото и тимскиот дух може да ни донесе победа против Грузија.
„Можеме да победиме против Грузија ако веруваме во себе, во нашиот квалитет, ако веруваме во замислите на селекторот и се разбира, да покажеме желба и борба на мечот во четврток“.
„Знаеме каде се нивните силни страни, но ние сме сконцентирани на нашата игра, тоа е нешто на кое работиме на тренизите. Верувам дека заедништво и тимски дух кое сме го покажале досега, повторно ќе ни донесе успех“.