РакометРакомет - Суперлига

ВИДЕО: Металург со херојска победа кај Пролет, Бутел сигурен кај Прилеп

И покрај големите проблеми и без тренинзи екипата на Металург забележа голем триумф над Пролет со резултат од 29:31.

Момците на Иван Марковски беа без тренинзи цела недела бидејќи штрајкуваа, но и покрај ваквите проблеми денес забележаа победа над Пролет кој важи за еден од фаворитите за излез во Европа. Металург на овој натпревар настапи со десет ракометари и двајца голмани, па денешниот триумф е вистинско изненадување од страна на тимот од Автокоманда.

Левиот бек Дејан Пецаковски со седум погодоци беше најдобар стрелец кај Пролет, а еден помалку имаше Виктор Додевски. Кај Металург со 12 погодоци најдобар беше Златко Хорват.

Поврзани Наслови

Еурофарм Пелистер 2 20:38 Еурофарм Пелистер

Еурофарм Пелистер со „генералка“ против младите пелистерци пред Спортинг во 20:38. За избраниците на Бабиќ ова беше осма сезонска победа и остана на врвот.

За Еурофарм Пелистер 2 најдобар стреле цбеше Емилијан Ѓорговски со пет гола, додека кај Еурофарм Пелистер со 10 погодоци најдобар стрелец беше Ненад Костески.

Струга 24:20 Радовиш

Ракометарите на Струга дојдоа до трета сезонска радост во Суперлигата откако на домашен терен со 24:20 го совладаа Радовиш. Гостите од Радовиш имаат сериозни проблеми со повреди, па допатуваа со само 12 играчи.

На средбата покрај езерото Владан Кастратовиќ со шест погодоци беше најдобар стрелец за Струга, додека пак кај гостите со пет гола најдобар беше Здравко Постолов.

Прилеп 23:26 Бутел

Бутел сосема очекува дојде до деветто славје во Суперлигата на Македонија, откако на гостински терен со 23:26 славеше над Прилеп.

Кај прилепчани Реваз Чантурија и Христијан Милошески стрелаа по пет пати, а кај Бутел со седум голови најдобар беше Мирко Мајиќ.

Колото ќе биде комплетирано утре со мечот меѓу Скопје 2020 и Вардар 1961.

Поврзани Наслови

Back to top button
error: Текстот е заштитен !!