Европски ФудбалФудбал

ВИДЕО: Меси со солзи во очите се прости од Барсa: Не го сакав ова, направив се што можев за да останам

Лионел Меси денес и официјално на прес-конференција се прости од дресот на Барселона. Пред неколку дена каталонскиот гигант потврди дека Меси повеќе нема да биде дел од Барселона, а денес тоа беше потврдено и од самиот Аргентинец на прес-конференција во клубот.

Меси беше пречекан како Бог во сега веќе неговиот поранешен клуб, каде огромен број на фанови на клубот се собраа пред клубот за да ја поздрават легендата на Барса.

На прес-конференцијата беше присутно целото раководство на Барселона, како и неговото семејство, а тој со солзи во очите се прости од Барселона.

„Барселона е нашиот дом. Времето што го поминавме овде беше фантастично. Денес морам да кажам „збогум“. Цел живот го поминав тука. По 21 година, заминувам со сопругата и трите деца. Не можам да кажам дека нема да се вратиме бидејќи ова е нашата куќа, јас сум многу благодарен за се што живеев овде, благодарение на клубот, тренерите, соиграчите, пријателите, луѓето што беа таму секој ден. Сите покажаа голема почит кон мене. Убави спомени, убави емоции, имаше убави, но и грди работи, но сето тоа ме обликуваше како личност. Дадов се за овој клуб, овој дрес од првиот ден кога дојдов. Сега заминувам“, беа првите зборови на 34-годишниот Аргентинец.

„Никогаш не замислував дека ќе заврши вака. Се надевав дека ќе го направам тоа на теренот, со моите пријатели, соиграчи, пред публика што го скандираше моето име. Отсекогаш сум замислувал целосен „Камп Ноу“ за навивачите што не сум ги видел година и пол. За жал, мораше да биде вака.“

Меси откри дека покрај ПСЖ има уште неколку големи клубови кои се заинтересирани за неговите услуги, а во следните денови ќе биде официјално познато каде аргентинскиот ас ќе ја продолжи кариерата.

Според пишувањата на многу медиуми од Шпанија и Франција, Меси би требало кариерата да ја продолжи во ПСЖ, каде со парижаните ќе потпише двегодишен договор со можност за продолжување на истиот за нови дополнителни 12 месеци.

Поврзани Наслови

Back to top button
error: Текстот е заштитен !!