Европски ФудбалФудбал

ВИДЕО: Меси и Мбапе ја искинаа мрежата на Бриж, РБ Лајпциг го победи Сити и оди во Лига Европа

ПСЖ со сигурни 4:1 го декласираше Клуб Бриж во последниот меч од Лигата на шампионите. Двојни стрелци за парижаните беа Лионел Меси и Килијан Мбапе.

Манчестер Сити со пораз ги затвори групните натпревари од Лигата на шампионите, откако на гостувањето кај РБ Лајпциг беше поразен со 2:1. Доминик Шобошлаи го отвори резултатот во 24: минута, а Андре Силва зголеми на 2:0 во 71. минута. Шест минути подоцна Ријад Махрез ги постави конечните 2:1, а во финишот од мечот „граѓаните“ останаа со играч помалку на теренот откко Кајл Бокер беше исклучен од игра.

Групната фаза од Лигата на шампионите екипата на ПСЖ ја заврши на второто место со 11 бодови, еден помалку од лидерот Сити, додека пак РБ Лајпциг заврши трет со 7 бодови и патува во Лига Европа. За екипата на Клуб Бриж заврши европската турнеја.

Поврзани Наслови

Back to top button
error: Текстот е заштитен !!