ФудбалФудбал - ВТОРА ЛИГА

(ВИДЕО) Масларков: Тиквеш се насочува кон баражот и ако има шанси ќе го нападне и првото место!

Тиквеш денес со новиот тренер Пане Блажевски ги започна подготовките за пролетниот дел од сезоната во Втората лига – Исток.

Претседателот на клубот, Миле Масларков вели дека клубот се насочува кон баражот, но доколку има шанси за прво место, истото ќе биде нападнато.

„Денешниот ден е почеток на припремниот период на Тиквеш. Денес го означува стартот. Екипата претрпе мали промени, си заминаа играчи Шиков, Ристе Илијоски се врати во Пелистер, Андреј Лазаров го повлече Работнички и Лука Трајкоски кој замина во Борец. Како клуб ги задржуваме амбициите, целта ни е сега задржување на второто место и ако има шанси да се нападне и првото, но поради бодовната разлика кој што се направи ние како клуб се насочуваме кон баражот, се спремаме за баражот, но ќе играме до последно“, вели Масларков за РТК.мк.

Тиквеш за пролетната полусезона се засили со младиот Антонио Јанев од Росоман, голман Анѓелков, како и со двајца прволигашки играчи кои ќе го подигнат нивото клубот Петар Љамчевски од Гостивар и Кристијан Костовски од Силекс. Во редовите на Тиквеш пристигнува и младиот Стефан Костовски од Росоман.

Тиквеш со новиот тренер Пане Блажевски ќе се подготвува во Кавадарци, а веќе се закажани и пет контролни натпревари.

Поврзани Наслови

Back to top button
error: Текстот е заштитен !!