ФудбалФудбал - ПРВА ЛИГА

ВИДЕО: Масларков: Работевме и успеавме да го вратиме Тиквеш во Прва лига!

Тиквеш по цели 17 години се враќа во Првата македонска фудбалска лига, откако го доби баражот со Силекс на Националната арена „Тодор Проески“ во Скопје.

Претседателот на клубот, Милеа Масларков во емисијата „Спортодром“ на РТК зборуваше за успешната сезона на Тиквеш и враќањето на клубот во Првата лига.

„Три години во клубот како претседател, идејата моја и на градоначалникот беше клубот постепено да се врати на тоа ниво каде што заслужува, бидејќи Тиквеш е бренд, бил бренд и ќе биде бренд. Овие три години макотрпна работа, постепено работевме, градевме, се спремавме и на крајот успеавме. Првата години ни беше потешка, бидејќи знаеме во каква ситуација беше клубот, со враќање на долгови со стабилизирање, со правење екипа и дојдовме до тој бараж со Силекс и го изгубивме. Втората година се прекина првенството поради пандемијата, бевме трети и не успеавме. Оваа година, влеговме со исти амбиции, со амбиции да се врати клубот во Прва лига, не успеавме директно да го вратиме, но тој бараж со истата екипа со која пред две години го изгубивме баражот. Се спремавме шест месеци за баражот, бидејќи имавме бодовна разлика која ја заостанувавме, работевме, ја надоградувавме екипата во зимскиот преоден рок и спремање, анализирање и на крајот се покажа дека правилно сме работиле и правилно сме постапиле, бидејќи го добивме баражот и Тиквеш се врати во Првата лига“, вели Масларков.

Гостувањето на Масларков во „Спортодром“ на РТК:

Поврзани Наслови

Back to top button
error: Текстот е заштитен !!