ЕУРО 2020ФудбалФудбал - Македонска репрезентација

ВИДЕО: Македонија со убедлива победа над Казахстан патува на ЕП 2020!

Македонија со убедливи 4:0 го декласираше Казахстан во последниот контролен натпревар и победнички патува во Романија на историското Европско првенство.

Дестина илјади навивачи уживаа во убавата игра на избраниците на Ангеловски кој го потопија противникот кој немаше сили да и парира на Македонија.

Алиоски во 35. минута го отвори резултатот, а во судиското надополнување на првиот дел Мижуков заработи директен црвен картон. Резултатот на полувреме беше 1:0.

Во вториот дел Тричковски во 57. минута ја стресе мрежата на противникот за 2:0, откако најпрво Пандев убаво го пронајде Костадинов кој потоа спушти до искусниот напаѓач на АЕК Ларнака. Во 74. минута Милан Ристовски со глава погоди за 3:0, а две минути подоцна Чурлинов ги постави конечните 4:0.

Македонските фудбалери за четири дена патуваат за Букурешт, а се надеваме дека Енис Барди ќе биде дел од нашата репрезентација, откако не беше во игра и на двата подготвителни меча поради позитивен тест на Ковид-19.

Првиот натпревар Македонија на ЕП го игра на 13. јуни (недела) против Австрија со почеток од 18:00 часот.

Поврзани Наслови

Back to top button
error: Текстот е заштитен !!