ЕУРО 2020ФудбалФудбал - Македонска репрезентација

ВИДЕО: Македонија падна во финишот, Австрија до три големи бода во Букурешт

Македонската фудбалска репрезентација беше блиску до историски бод на Европското првество, но во финишот Грегорич и Арнаутовиќ ѝ пресуди на Македонија, за голема победа на Националната арена. Натпреварот долго време беше израмнет, но Австрија во финишот имаше повеќе сила, енергија, а секако и со искуство дојде до златни три бода.

Во 18. минута Штефан Лаинер ја стресе мрежата на Димитриевски за водство на Австрија од 1:0. Македонија брзо се врати во игра, по десет минути игра Пандев ја погоди противничката мрежа за 1:1 и стана вториот највозрасен играч на Европското првенство кој постигнал гол.

Во 78. минута Грегорич го искористи одличниот центаршут на Алаба и го матира нашиот голман за ново водство на Австрија од 2:1. Арнаутовиќ во самиот финиш погоди и ги постави конечните 3:1.

Иако одигравме одличен натпревар, бевме блиску барем до бод, а имавме и неколку одлични можности при 1:1 за наше водство, сепак Македонија со пораз ја започна групната фаза на Европското првенство.

Следен предизвик за Македонија ќе биде Украина, меч кој се игра во четврток.

ТАБЕЛИТЕ ОД СИТЕ ГРУПИ НА ЕВРОПСКОТО ПРВЕНСТВО ПОГЛЕДНЕТЕ ГИ ОВДЕ

Reklama

Поврзани Наслови

Back to top button
error: Текстот е заштитен !!