ЕУРО 2020ФудбалФудбал - Македонска репрезентација

ВИДЕО: Македонија одигра храбар натпревар во Букурешт, сепак победата е за Украина

Македонија одигра храбро против Украина, но го запиша вториот пораз на Европското првенство, откако загуби со 2:1 попладнево во Букурешт.

Јармоленко го отвори резултатот во 29. минута од натпреварот, додека Јаремчук го матира нашиот голман во 35. минута за 2:0.

На стартот од вториот дел во игра влегоа Чурлинов и Трајковски на местата на НИколов и Спировски. Во 57. минута од мечот главниот судија покажа на белата точка за Македонија, а Бушхан му го одбра пеналот на Алиоски, но во повторенито обид фудбалерот на Лидс успешно ја смести топката во противничката мрежа и намали на 2:1.

Судијата Паралини по прегледувањето на ВАР-снимката во 83. минута покажа на белата точка за Украина, а Димитриевски го прочита Малиновски и му го одбрани пеналот. Македонија остана во игра и притискаше до последен момент, но за жал немавме среќа. Осминафиналето останува само сон.

Поврзани Наслови

Back to top button
error: Текстот е заштитен !!