ЕУРО 2020ФудбалФудбал - Македонска репрезентација

ВИДЕО: Македонија немаше сили за Холандија, „лаљињата“ со три гола нè испрати од ЕП

Македонија го забележа третиот пораз на Европското првенство, откако на „Јохан Кројф“ арена со 0:3 славеше Холандија во третото коло од групата Ц. Капитенот Горан Пандев го одигра последниот натпревар и со „шпалир“ беше испратен во репрезентативна пензија.

Македонија ја стресе мрежата на Стекеленбург откако напаѓачот на АЕК Ларнака, Тричковски испрати силен удар, но голот беше оправдано понишен поради недозволена ситуација. Трајковски потоа имаше една одлична шанса откако со силен удар ја стресе стативата на холандискиот гол.

Само две минути подоцна Депај го матира Димитриевски за водство на Холандија од 0:1, откако претходно беше направен очигледен прекршеок врз паден, но судијата Ковач и ВАР-собата не го досудија. Вајналдум во 51. минута и 58. минута по асистенции на Депај донесе убедливо водство од 0:3 за репрезентацијата на Холандија.

Во 68. минута од натпреварот капитенот Пандев беше повлечен од игра, а сите играчи му напарвија „шпалир“ додека Холанѓаните и сите гледачи на арената во Амстердам му аплуадираа на големиот Гранде Пандев.

Во 73. минута Чурлинов го матира Стекеленбург, но повторно нашиот гол беше понишен бидејќи играчот на Штутгарг беше во недозволена ситуација.

Холандија ја оправда фаворитската улога и со максимални 9 бодови како и Италија патува во втората фаза од Европсктоот првенство. Македонија со три порази и два постигнати погодоци, првиот на Горан Пандев, вториот на Алиоски го заврши своето прво учество на Европското првенство.

Сонот на Пандев и на цела македонска нација е остварен, Македонија за прв пат играше на едно големо натпреварување како што е Европското првенство.

Гранде Пандев ти благодариме за целиот твој допринос за македонскиот дрес!

Поврзани Наслови

Back to top button
error: Текстот е заштитен !!