ФудбалФудбал - Македонска репрезентација

ВИДЕО: Македонија го збриша Гибралтар, за втора радост во Лигата на нации!

Македонската фудбалска репрезентација денес забележа убедлива победа од 4:0 над Гибралтар, откако триумфот беше обезбеден уште во првиот дел од мечот. Македонија уште од стартот наметна свое темпо на играта и брзо обезбеди убедливо водство од 4:0 на полувреме.

Ваквиот резултат е најубедлив на македонската фудбалска репрезентација кога е во прашање водство на полувреме на домашен терен.

Барди со атрактивен гол од слободен удар го отвори резултатот за водство на нашата репрезентација од 1:0 уште во 4. минута од мечот. Десет минути подоцна на сцена стапи Бојан Миоски кој за две минути постигна два погодоци. Дефинитивно негов репрезентативец меч за паметење. До крајот на првиот дел стрелаше и Дарко Чурлинов за убедливи 4:0 на полувреме.

ФОТО: ФФМ

Во вториот дел мрежите мируваа и на двете страни со што резултатот од полувреме стана конечен. Селекторот Благоја Милевски во второто полувреме шанса им даде помладите.

Македонија е втора на табелата со 7 бодови, а пак лидер е Грузија со 10 бодови откако денес одигра 0:0 против Бугарија, која со три бодови е трета на табелата, а пак Гибралтар е последен со само еден освоен бод.

ФОТО: ФФМ

Поврзани Наслови

Back to top button
error: Текстот е заштитен !!