Европски ФудбалФудбал

ВИДЕО: Мајкл Керик го напушта Манчестер Јунајтед по 15 години!

Мајкл Керик го напушта Манчестер Јунајтед по 15 години. 40-годишникот ја имаше улогата на привремен менаџер на „црвените ѓаволи“ по заминувањето на Оле Гунар Солскјер, но клубот реши на таа позиција да го назначи искусниот Германец Ралф Рангник.

Се очекуваше Керик да биде дел од стручениот тим на Германецот, но тој реши да го напушти клубот по мечот со Арсенал и победата од 3:2.

“Времето поминато во овој клуб е најдобрата година во мојата кариера. Решив дека ова е вистинско време да заминам. Му посакувам се најдобро на Ралф Рангник, на тимот и на навивачите во иднина”, изјави Керик и додаде:

„Искрено, тоа не беше лесна одлука, но верувам дека е вистинската. Сакав одмор откако ќе ја завршам кариерата, тоа му го ветив на моето семејство и сега е вистинско време да им се посветам. Кога дојдов овде пред 15 години, ниту во моите најлуди соништа не можев да замислам да освојам толку многу трофеи и никогаш да не ги заборавам спомените од клубот.“

Керик играше за Јунајтед како фудбалер од 2006 до 2018 година, а потоа беше назначен за помошник тренер.

Тој ги предводеше „црвените ѓаволи“ во три натпревари и има ефект од две победи и едно реми. На зелениот терен за Јунајтед одигра 464 натпревари и постигна 24 гола.

Поврзани Наслови

Back to top button
error: Текстот е заштитен !!