ФудбалФудбал - ТРЕТА ЛИГА

(ВИДЕО) Лирија по поразот од Новаци бесна на судиите: На секој натпревар нашата екипа е оштетена од судиите!

Во рамки на 3. коло одиграно минатиот викенд, екипата на Лирија во Грнчари го загуби дербито со лидерот Новаци со минимални 0:1.

По поразот екипата на Лирија реагираше кон главниот судија Димитар Левески, наведувајќи дека скоро на секој натпревар судиите се пуштени со цел екипата на Лирија да биде оштетена.

  • Реакцијата на ФК Лирија:

„Еве како се суди против екипата на Лирија од Грнчари од страна на главниот судија Димитар Левески. И на натпреварот против Демир Хисар бевме оштетени со чист гол од истиот судија. Скоро секој натпревар судиите се пуштени со некаква цел за нашата екипа да биде оштетена. Нека погледне јавноста за каква лига се работи, без никаков срам, а притоа клубовите се финансирани од џеп.“

  • Видео од спорниот момент за кој Лирија вели дека е пенал:

Реакцијата на Лирија се однесува на недосуден пенал за нивната екипа при изведувањето на слободниот удар што може да погледнете и во видеото на кое се повикува клубот од Грнчари.

Поврзани Наслови

Back to top button
error: Текстот е заштитен !!