Европски ФудбалФудбал

(ВИДЕО) Короната коси: Одложени пет натпревари од Премиер лигата

Натпреварот од 18. коло од Премиер лигата, кој требаше да се одигра во сабота на стадионот „Олд Трафорд“ меѓу Манчестер Јунајтед и Брајтон, беше одложен поради големиот број позитивни случаи на корона вирусот во редовите на „Црвените ѓаволи“. Од истата причина беше одложен и натпреварот меѓу Норич и Вест Хем Јунајтед. Веќе е познато дека натпреварите Лестер – Тотенхем, Саутемптон – Брентфорд и Ватфорд – Кристал Палас ќе бидат одложени, сите од истите причини.

Дуелот на „Олд Трафорд“ требаше да се одигра во сабота од 12:30 часот. Терминот на овој дуел ќе биде објавен подоцна.

„Здравјето на нашите играчи и нашиот персонал е наш приоритет. Со оглед на бројот на играчи и помошен персонал кои мораат да бидат изолирани поради инфекција со Ковид 19, клубот немаше друг избор освен да побара одложување на натпреварот. Одборот на Премиер лигата оваа одлука ја донесе по консултација со лекарите. Исто така, сите активности во тренинг комплексот „Керингтон“ ќе бидат откажани на краток период со цел да се намали ризикот од пренесување на инфекцијата. Со жалење и разочарување им ја соопштуваме оваа одлука на нашите навивачи“, стои во соопштението на Манчестер Јунајтед.

Норвич имаше проблеми со Ковид пред претходниот дуел со Астон Вила, поради што не играа неколку играчи, а сега бројот на случаи е толку голем што дуелот ќе мора да се одложи.

Поврзани Наслови

Back to top button
error: Текстот е заштитен !!