ФудбалФутсал

ВИДЕО: Клими преку Аризанов до победа над Проект Јосифово

Денес стартуваше Втората футсал лига на Македонија со натпреварите од 5. коло

Во Валандово домаќинот Проект – Јосифово загуби од Клими со 4:5. Во првиот дел домаќините беа подобри, а во вториот гостите Кавадарци кој одиграа многу подобро и преку Аризанов кој постигна хет-трик дојдоа до значајна победа.

Проект Јосифово со два гола на Манчев до 13. минута имаше водство од 2:0. Гостите веднаш преку Аризанов намалија на 2:1, резултат со кој се замина на полувреме.

Во вториот дел Проект Јосифово преку Делев зголеми на 3:1, а Клими со нов гол на Аризанов намали на 3:2. Две минути беа потребни за екипата од Кавадарци да израмни на 3:3 со третиот гол на Аризанов. Во последните десет минути од натпреварот паднаа три гола. Во 31. минута домаќинот преку Делев дојде до ново водство од 4:3, а само неколку секунди подоцна Николовски израмни на 4:4. Во последната минута од натпреварот Николовски со втор гол му донесе победа на Клими.

Целиот натпревар

Клими сега е на второто место навтабелата со 9 бодови колку што има и лидерот Шкендија, додека Проект Јосифово е на дното од табелата се уште без освоени бодови.

Во следното коло Клими ќе игра дерби со лидерот Шкендија, додека Проект Јосифово ќе гостува во Свети Николе кај Овче Поле.

Поврзани Наслови

Back to top button
error: Текстот е заштитен !!