ОстанатоФудбалФутсал

ВИДЕО: Клими му даде 15 гола на штипски Кардшлк

Вечерва беше одигран уште еден меч во рамки на 8. коло од Втората футсал лига на Македонија. Клими без милост со убедливи 15:4 го декласираше Кардшлк кој дома повторно си оди со празне раце и останува без бодови.

Капитенот Виктор Аризанов постигна хет-трик, а до три погодоци дојдоа и Мартин Никовиќ и Стефан Грујески. Двојни стрелци беа Марјан Манев и Филип Грујоски кој си постигна и автогол, а по еден гол постигнаа Дане Митрев и Димитар Чоков.

За гостите од Штип капитенот Џенѓул Јашаров беше двоен стрелец, а еден погодок постигна и Нешат Димиров.

  • Цел натпревар Клими – Кардшлк

Колото ќе биде комплетирано утре во Битола со мечот меѓу Конзули и СЕЕ Университи.

Поврзани Наслови

Back to top button
error: Текстот е заштитен !!