
Второлигашот Кеги Моби од Велес го исфрли прволигашот Црна Река од футсал Купот на Македонија, откако вечерва во Кавадарци беше подобар со убедливи 5:9.
>>> ПРОМОЦИЈА НА АПАРТМАНИ НА ТУРИСТИЧКАТА ПЛАТФОРМА – КОТВА.МК <<<
За Црна Река двојни стрелци беа Рафаил Грбиќ и Тони Гацев, а еден погодок постигна Антониот Јанев. За велешани двојни стрелци беа Жарко Спасовски и Никола Саздовски, а по еден гол постигнаа Адил Адиловиќ, Димче Ѓуров, Зоран Трајков, Бобан Давчевски и Кирил Ивановски.
Железарец со убедливи 6:2 над СЕЕ Университи обезбеди следна фаза од Купот. Двојни стрелци за домаќинот беа Драган Брњарчевски и Кирче Крстевски, а по еден погодок постигнаа Петре Даиловски и Стефан Станојковиќ, додека пак кај гостите стрелци беа Хисен Мемеди и Гезим Азизов.

Битолскиот второлигаш Конзули одлично му парираше на прволигашот и актуелен шампион во Првата футсал лига Проект од Валандово, но на крајот загуби со резултат од 4:5.
- Погодоците од мечот Конзули – Проект
Кристиан Симиќ беше двоен стрелец за Конзули, а по еден погодок постигнаа Стефан Стефановски и Антонио Стојковски.