
Кеги Моби ништо не го запира на патот кон промоција во Првата футсал лига на Македонија. Вечерва велешани на крилата на Жарко Спасовски славеа кај Клими во Кавадарци со 5:6 во рамки на 14. коло од Втората футсал лига и гледаат кон Прва лига.
НАЈДОБРИОТ ИЗБОР ЗА ПРОЗОРЦИ И ВРАТИ ОД ПВЦ ВО „OPEN STIL“ ВО ГОСТИВАР 070/814-428
Во супер возбудлив натпревар одигран во „Јасмин“ Кеги Моби уште еднаш потврди дека сигурно чекори кон футсал елитата на Македонија. Херој за велешани беше Жарко Спасовски кој постигна хет-трик, двоен стрелец беше Кирил Ивановски, а Зоран Трајков постигна еден погодок.
Кај домашните Мартин Никовиќ беше двоен стрелец, а по еден погодок постигнаа Дане Митрев, Виктор Аризанов и Филип Грујоски.
- ЦЕЛИОТ НАТПРЕВАР: Клими – Кеги Моби:
Овој триумф е важен за Кеги Моби бидејќи во следното коло ќе гостува на жешкиот терен во Штип каде ќе одигра дерби дуел со Астибо, додека пак Клими патува во Свети Николе кај Овче Поле.
ВАШАТА РЕКЛАМА НА СПОРТСКА МРЕЖА – КОНТАКТ 074 241 247